Русија благодарение на Сирија го зголеми извозот на оружје

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Благодарение на Сирија Москва од странство добива сѐ повеќе нарачки за оружје, соопшти генералниот директор на компанијата „Рособоронекспорт“ Александар Михеев.

„Чувствуваме зголемен интерес кај странските партери за вооружувањето и воената техника чии тактичко-технички карактеристики се потврдени во борбените дејствија во текот на антитерористичката операција во Сирија. Тоа се однесува на воените авиони, хеликоптерите, оклопно-тенковската и инженериско-деминерската техника, како и на морнаричкото, воздухопловното и копненото оружје. Всушност, интерес постои практично за сите видови руско вооружување. Постојат и конкретни предлози и нарачки, но засега нема ништо да прејудицираме“, ја пренесува агеницијата РИА „Новости“ изјавата што Михеев ја даде во пресрет на отворањето на изложбата на вооружување DSA-2018 во Куала Лумпур (Малезија).

Тој исто така истакна дека во овој момент компанијата „Рособоронекспорт“ има нарачки во вкупна вредност од околу 45 милијарди долари.

„Околу 40% од нарачките во 2017 година ги сочинуваат потпишани договори за испорака на техника за противвоздушна одбрана и средства за радиоелектронска борба. Тие сочинуваат 30% од сите нарачки“, изјави тој.

На 12 март 2018 годна шефот на Федералната служба за военотехничка соработка Владимир Кожин изјави дека Русија во 2017 година и покрај сѐ поголемиот притисок извезла повеќе оружје отколку што било планирано.

Погледнете го видеото: Оружјето кое Русија најмногу го извезува