Штандот на руската корпорација за тактичко ракетно вооружување на Меѓународната авиокосмичка изложба МАКС. 24 август 2007, Московски регион, Русија.
Марина Лисцева / ТАСССпоред изданието DefenseNews најголем профит кај руските производители на оружје во 2015 година остварил концернот за воздушно-космичка одбрана „Алмаз-Антеј“. Компанијата има заработено 6.9 милијарди долари и го зазеде 11 место на споменатата листа. Профитот на концернот е помал за 2.4% во однос на 2014 година, но позицијата на списокот остана иста.
Компанијата „Обединета авионска корпорација“ која произведува авиони, го зазеде 16 место (во 2014 година беше на 14 место). Има заработено 4.6 милијарди долари, што е 25% помалку одошто во 2014 година.
За две места се спушти и фабриката за хеликоптери „Вертољоти Росии“ поради намалениот приход за 19%. Ова претпријатие го зазеде 25 место со заработка од 3.2 милијарди долари.
Само една руска компанија го има зголемено профитот на пазарот во екот на кризата. Тоа е корпорацијата „Тактичко ракетно вооружување“. Има заработено 2.4 милијарди американски долари и го зазеде 37 место.
Меѓу стоте најдобри се и руските претпријатијата „Радиоелектронски технологии“ (1.7 милијарди американски долари, 48 место) „Уралвагонзавод” (милијарда американски долари, 60 место) и РТИ (0.7 милијарди американски долари, 83 место).
Првите три места на листата на изданието DefenseNews не се менуваат од 2012 година. Најголем светски извозник за вооружување и понатаму е Lockheed Martin со 40.5 милијарди американски долари профит. Зад нив следува Boeing со 30.4 милијарди американски долари и BAE Systems со 25.3 милијарди американски долари.Кои се најдобрите производители на оружје во Русија?
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче