Русија тестираше во Сирија повеќе од 600 модели оружје и техника

Ројтерс
Русија во Сирија тестираше повеќе од 600 модели оружје и техника, вклучувајќи ново авионско оружје и фрлачи со повеќе цевки.

Русија во Сирија тестираше повеќе од 600 модели оружје и техника, вклучувајќи ново авионско оружје и фрлачи со повеќе цевки, обелодени заменик-министерот за одбрана на Русија Јуриј Борисов на форумот „Армија-2017“.

„Сите практични модели, сите новини минаа низ сирискиот конфликт за да се утврдат какви се нивните реални карактеристики, како се однесува оружјето. Тестиравме повеќе од 600 модели во сирискиот конфликт“, рече Борисов на прес-конференцијата на форумот „Армија-2017“, пренесува Интерфакс.

Според него, тестирани се авионска техника, оклопни возила и фрлачи со повеќе цевки.

„Од извесен број модели моравме да се откажеме зашто во практика покажаа дека моделите нема да ги издржат оние барања за кои се наменети“, рече Борисов.

Тој додаде дека во авиобазата во Хмејмим постојано се наоѓаат претставници на индустриските претпријатија кои елиминираат или бележат недостатоци кај опремата.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња