„Панцир-МЕ“ првпат презентиран во странство

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Компанијата „Ростех“ ги демонстрира најновите модели на руско оружје на меѓународната изложба „Defexpo India 2018“. Првпат надвор од границите на Русија е претставен противвоздушниот ракетно-артилериски систем „Панцир-МЕ“.

„На воено-поморската изложба одржана минатото лето во Санкт Петербург имавме можност да го оцениме извозниот потенцијал на ова противвоздушно оружје. „Панцир-МЕ“ го привлече вниманието на стручњаците на поморските сили, вклучувајќи ги и членките на НАТО. Во светот не постои друго оружје од таков вид и тешко дека ќе се појави во скоро време“, ги наведува информативната служба на компанијата „Ростех“ зборовите на Сергеј Абрамов, индустриски директор на кластерот „Вооружување“.

Според него, „Панцир-МЕ“ во радиус од 20 километри го штити бродот од сите современи средства за напад од воздух – крстосувачки ракети, надзвучни противбродски ракети, авионски бомби и беспилотни летала.

Системот овозможува да се одбијат истовремени воздушни напади од различни правци. Во сектор од 90 степени тој може во исто време да гаѓа 4 цели. „Панцир-МЕ“ практично нема „слеп агол“, т.е. може детално да го види секој објект во воздухот, вклучувајќи и падобрани. Радарско-оптичкиот систем се состои од три радари: оптички радар, радар за откривање на цели оддалечени 50 километри и радар за следење на цел.

Системот за управување со стрелбата е заснован врз примена на фазна антенска решетка (радарите ги следат и целта и сопствените ракети). Ракетите ја уништуваат целта со повеќекратни боеви глави, т.е. со цел облак остри челични шрапнели. „Панцир-МЕ“ има два шестцевни топа калибар 30 мм кои истрелуваат 5000 проектили во минута.

Прочитајте повеќе: Во Сирија тестираат артилериски систем за бродови од следната генерација