Првиот примерок на новиот морски систем беше претставен на 28 јуни во рамките на морнаричкиот салон во Санкт Петербург.
Проектот допрва треба да ги помине сите тестови на Министерството за одбрана и дури потоа ќе можеме да кажеме дали ќе биде прифатен или не во руското вооружување.
Новиот „Панцир-МЕ“ ќе може да пресретнува ракети при разбранувано море, дожд, ветар, па дури и бура. Освен тоа ќе биде покомпактен и покриен со корозивна „школка“ за да ги издржи суровите природни услови.
„Најголемата разлика е што ракетите Панцир-С треба да пресретнат цели кои доаѓаат кон нив одозгора и во повеќето случаи по предвидливи траектории на летот. Противбродските проектили летаат над водната површина и дури над брановите за време на бура, што ја отежнува работата на компјутерските системи при предвидување на нивните траектории на летот“, изјави за „Руска реч на македонски“ Александар Жуков, главен конструктор на корпорацијата „Високопрецизни комплекси“ („Высокоточные комплексы“), која ги дизајнира и ги гради системите „Панцир“ за руската армија.
Друга голема разлика е брзината на огнот. Засега системот „Панцир-С“ исфрлаше по 80 артилериски гранати во секунда (4.800 во минута), додека морската верзија ќе може да се исфрла по 160 муниции во секунда (околу 10.000 во минута).
„Муниција на системот се состои од 1.000 гранати и 32 зенитни ракети“, додаде Жуков.
„Панцир-МЕ“ може да следи и да уништува четири воздушни цели истовремено. При тоа за системот нема значење какви се авионите кои треба да ги уништи: ловци, бомбардери, беспилотни летала, ракети, итн.
„Панцир-МЕ создава 20-километарска зенитна купола над морското пловило, на кое се наоѓа. Така системот претставува ефективна заштитна од оружје кај потенцијални конфликти во иднина“, изјави за „Руска реч на македонски“ генералниот директор на компанијата „Високопрецизни комплекси“ Александар Денисов.
Според некои воени експерти новиот систем ќе биде поставен на помали крајбрежни пловила.
„Најпрво Панцир-МЕ ќе се користи од Касписката флота, а потоа други руски бродови во различни области ќе го добијат системот“, вели за „Руска реч на македонски“ Виктор Мураховски, главен уредник на списанието „Арсенал Отечества“.
Генералниот директор на „Високопрецизни системи“ Александар Денисов изјави дека руската флота веќе нарачала неколку „Панцир-МЕ“ за бродовите.
„Набавката ќе им овозможи на фабриките на компанијата да работат години однапред“, додаде Денисов. Тој не прецизираше дали овие договори веќе се потпишани со Министерството за одбрана на Русија или тоа се само намери за блиска иднина.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче