Безопасен атом: вистина или лага?

Пулт за управување на Ростовската АЕЦ. Извор: РИА Новости

Пулт за управување на Ростовската АЕЦ. Извор: РИА Новости

На светот му е потребен евтин и сигурен извор на електрична енергија. Ростовската АЕЦ е еден пример за добро решение.

Изградбата е „замрзната“ во 1986 година по хаваријата во нуклеарната централа Чернобил. Пустинска атмосфера на незавршени централа стана извор на инспирација за многу луѓе: тука редовно се одржуваше „Казантип“ - најголемиот фестивал за електронска денсмузика во поранешниот СССР, тука Бондарчук го снимаше својот филм "Населен остров“. Понекогаш во Шчолкино се појавуваат туристи, но генерално тоа е централа на духови .

На неколку стотици километри, на другиот брег на Црното Море, во близина на Волгодонск се издига Ростовската АЕЦ, каде моментно работат над 5.000 лица. Електроцентралата го снабдува со електрична енергија целиот регион. За време на катастрофата во Чернобил таа исто така беше во изградба , но властите стигнаа до друг заклучок: наместо да го затвораат проектот, да ја опремат централата со најсигурни системи за безбедност .

Оваа година се планира да биде пуштен третиот реактор , а Росатом веќе ја прогласи централата Ростовски за најбезбедна во светот.

По трагедијата во „Фукушима“ , која беше проследена со резок скок во експлоатацијата на гас и на нафта, некои аналитичари тврдеа дека деновите на нуклеарната енергија се изброени и дека сите АЕЦ во светот ќе ги стигне судбината на централата во Шчолкино – урнатини што бавно се распаѓаат, со цел да го потсетат човештвото за најстрашното минато.

Оживување на нуклеарната енергија

Во последно време сепак сето укажува на тоа дека на нуклеарната енергетика ѝ претстои нов подем: од 20 водечки земји во производството на гас 15 лансираа програми за развој на атомскиот сектор. За ова дискутираа експертите на панел-сесија на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург, посветена на стабилноста во снабдувањето со енергија. Според процената на Росатом до 2020 година во светот ќе бидат ставени во функција 460 гигавати нови нуклеарни капацитети (за споредба: еден голем западен град троши не повеќе од еден гигават) .

Најновиот реактор на Ростовската АЕЦ може да издржи земјотрес од 9 степени според Рихтеровата скала и судир со 400-тонски „Боинг“ - вели Александар Полушкин , директор за проектен инженеринг во концернот „Росенергоатом“, подружница на Росатом . Исто така тој нагласува дека новите технологии им овозможуваат на централите да функционираат нормално во случај на прекин на електрична енергија, како и поправка во секое време, зашто нема да има протекување на радиоактивни материи од реакторот како во Чернобил. Освен тоа производството на новиот модел е поевтино од претходните.

Ниту еден реактор не може да биде 100% сигурен, исто како што ниту еден автомобил не може да биде 100% сигурен - расудува тој. - Ние можеме само да го зголемуваат нивото на безбедност, за да ја задоволиме растечката побарувачка на енергија. За таа цел се потребни споменатите разработки. А, наша задача е да се доближиме, колку што е можно, до целосната 100% безбедност.


Александар Москаленко, претседател на групата компании „Градски центар за експертиза“

Се повеќе е очигледно дека во скоро време атомската енергетика ќе добие централно место во светскиот енергетски систем - во тоа ќе им помогнат безбедноста, најниската цена и нискиот процент на јаглерод во атмосферата. Не смееме да заборавиме и за растот на потрошувачката во земјите во развој. Во количество произведена енергија една нуклеарка заменува пет обични ТЕЦ со ист обем на емисии.

"Се разбира , ако некаде има можност за екстракција на гас од шкрилци по цена од 30-50 долари за кубен метар (а не за 100), тогаш нема потреба од изградба на нуклеарна централа - појаснува генералниот директор на Росатом , Сергеј Кириенко . - Исто како што и во минатото не се граделе такви на покрај откриени рудници за јаглен“.

Стабилната цена е важна - продолжува тој. „Многу добро се сеќавам на крајот на деведесеттите години од минатиот век, кога цената на нафтата падна под 9 долари – се урнаа буџетите и многу експерти тврдеа дека нема никакви причини да се очекува раст над 20 долари“. Кириенко потсети дека во 2008 година на тркалезната маса на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург експертите сметаа дека во догледна иднина цената на нафтата нема да падне под 150 долари за барел.

Како што забележува управителот на Росатом, нуклеарната енергија овозможува да се обезбеди стабилност на цените во текот на целиот 60-годишен период на експлоатација на реакторот.

Александар Москаленко, претседател на групата компании „Градски центар за експертиза“, смета дека во споредба со повеќето други методи за производство на електрична енергија штетата од нуклеарната енергетика е премногу мала . „Изградбата на нуклеарната централа не бара одземање на огромни површини обработливо земјиште, како при изградбата на хидроцентрали - објаснува тој. –А, канцерогените емисии од централите на јаглен, споредено со сите достапни извори на енергија ги прават непријател на човекот и на животната средина. Нуклеарната енергија е релативно безбедна алтернатива“.

Рускиот „мирен атом“ се одомаќинува во Европа

„Побарувачката на енергија расте со исто темпо и човештвото не може да се откаже од таков извор - вели тој . -Во наредните 100 години немаме алтернатива на нуклеарната енергија.“

Хаваријата во нуклеарната централа „Фукушима“ им даде на градителите на нуклеарни реактори во регионот моќен поттик во нивната потрага кон безбедност, додава Москаленко, и воопшто сиот сектор сега е фокусиран на минимизирање на ризиците.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња