Четвртиот енергетски блок на Белојарската атомска централа (во градот Заречни во Свердловската област) со реактор со брзи неутрони БН-800 е приклучен во мрежата и почна со производство на електрична енергија на Урал, соопшти концернот „Росенергоатом”.
Реакторот беше пуштен во работа во четвртокот, 10 декември во 21:21 по локално време. Новиот енергетски блок е приклучен на енергетскиот систем на минимално ниво од 235 мегавати.
„Денеска се случи значаен настан: на Урал се појави нов нуклеарен извор за производство на електрична енергија“, истакна директорот на Белојарската атомска централа Иван Сидоров, пренесува „Лента.ру“.
Тој додаде дека претстои постигнување на капацитет од 50%, потоа почеток на пробна индустриска експлоатација и постигнување капацитет од 100%.
Според зборовите на генералниот директор на „Росенергоатом” Андреј Петров, почетокот на работата на реакторот БН-800 е исклучителен настан за руската атомска енергетика. Тој потсети дека претходниот енергетски блок со реактор од овој тип БН-600 почнал со работа пред 35 години.
Се претпоставува дека новиот енергетски блок ќе му додаде на енергетскиот систем на Урал веќе во декември оваа година околу 30 милиони киловат-часови.
Во моментов нуклеарни реактори со брзи неутрони се користат само во Русија, во Белојарската централа. Во Индија, Кина и Јужна Кореја ваквите енергетски блокови се во процес на изградба.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче