АЕЦ „Куданкулам”. Извор: Petr Pavlicek / IAEA
Ова на крајот на минатата година ѝ беше соопштено на агенцијата PTI од Министерството на атомската енергетика на Индија (DAE), коментирајќи го текот на преговорите со компаниите од Франција и од САД за изградба на идните АЕЦ „Џајтапур“ и АЕЦ „Митхивирди“.
Без оглед на соседите Александар Лукашенко ја санкционираше изградбата на првиот енергетски блок на Белоруската нуклеарната електрана. |
Во министерството проценуваат дека вредноста на еден киловат час во АЕЦ „Митхивирди“ во државата Гуџарат која треба да биде изградена со американски реактор АР -1000 e 12 рупии (0,19 долари), а вредноста на еден киловат час во АЕЦ „Џајтапур“ со реактор EPR во државата Махараштра - 9 рупии (0,15 долари). За споредба вредноста на еден киловат час во АЕЦ „Куданкулам“ со руски реактор ВВЕР -1000 е 3.5-4 рупии (0,06 долари). Освен тоа, во DAE забележуваат висока вредност на киловат утврдена моќност во францускиот и во американскиот проект. Според нивни податоци тој е еднаков од 4360 до 4840 долари за шестблоковата АЕЦ со реактори EPR и 6456 долари за шесте реактори од типот АР -1000. Агенцијата цитира неименуван претставник на Министерството, кој коменитира: „Ако не ни успее да се договориме со добавувачите , можно е да се откажеме од овие проекти“. Според неговите зборови добиените во текот на преговорите вредноста на електричната енергија од АЕЦ „Џајтапур“ и АЕЦ „Митхивирди“ е „многу висока , дури и ако се земе предвид инфлацијата“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче