Колку комплекси „Панцир-С1“ ѝ испорача Русија на Сирија?

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Сириската војска собори пет израелски ракети со топовско-ракетниот комплекс „Панцир-С1“, изјавија од Министерството за одбрана на Русија.

Русија последниве години ѝ испорача на Сирија 40 ракетно-топовски комплекси „Панцир-С1“ за одбрана од воздушни напади, изјави извор во рускиот воен ресор.

Во понеделникот од МО на Русија рекоа дека авионскиот напад врз сирискиот аеродром Т-4 во Хомс го извеле два израелски F-15. Целта ја погодиле три ракети, додека пет биле соборени.

„Панцир-С1“, исто така според информациите на МО на РФ, соборил седум од 13 беспилотни летала кои им се приближувале на руските воени бази во Сирија (Хмејмим и Тартус). Останатите 6 дронови безбедно биле спуштени на земја од руската единица за радиоелектронска борба.

Командантот на силите за ПВО-ПРО на Русија Виктор Гумениј претходно изјави дека „Панцир-С1“ по сирискиот искуство е усовршен.

Хибридниот топовско-ракетни комплекс за противвоздушна одбрана „Панцир“ првично е наменет да ги штити ракетните комплекси со голем дострел С-300 и С-400, меѓутоа тој е оспособен да соборува и ракети.

Погледнете го видеото: Противвоздушниот систем „Панцир-С1” на гаѓања покажа снајперска прецизност