ЗРПК Панцирь-С1
Сергеј Бобилев/TASSАвторите на ова истражување му посветуваат особено внимание на развојот на системот „Панцир-С1“ чии можности во последно време с значително зголемени. Разработена е, на пример, мала ракета која неофицијално се вика „Гвозд“ за борба против беспилотни летала. Се очекува, исто така, дека во најскора иднина „Панцирите“ ќе можат да пронаоѓаат цели на далечина до 75 км наместо сегашните 40, а радиусот на дејство од 20 км ќе биде проширен двојно.
Интересно е, продолжуваат аналитичарите, тоа што слични противвоздушни комплекси во американската армија едноставно нема. Тоа наводно се објаснува со тоа што Американците се надеваат на своите воздушни сили, иако одамна се немаат сретнато во воздух со сериозен противник. Буквално деновиве американските медиуми признаа дека „Панцир-С1“ е речиси идеално оружје за јато офанзивни беспилотни летала.
Системите С-400, напротив, се првата линија на ПВО, затоа што пронаоѓаат цели на далечина до 600 км, а ги соборуваат на 400 км. И Министерството за одбрана на Русија веќе организира вежби на кои овие комплекси се користат во тандем, како неодамнешните маневри во Калининградската област. А заедно со средствата за противелектронска борба, С-400 и „Панцир“ можат да послужат не само за одбрана, туку и за ефикасен контранапад, велат експертите од The Jamestown Foundation.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче