Рускиот ракетен систем Х-32 го менува распоредот на силите на море

Ту-22М3

Ту-22М3

Вадим Савицки/Global Look Press
Влегувањето на противбродскиот ракетен систем Х-32 во состав на вооружувањето на стратешката авијација на Русија го направи бесмислено постоењето на американските носачи на авиони. Крстосувачите со ракетна одбрана и носачите на авиони останаа без заштита пред руската војска. Причината за тоа се уникатните карактеристики на ракетата со која се вооружени стратешките бомбардери Ту-22М3.

Како што објави порталот „Росијскаја газета”, ракетата Х-32, која во состав на вооружувањето се наоѓа од 2016 година, има слични димензии како советската крстосувачка ракета Х-22: тешка е околу 5800 килограми, долга околу 12 метри со пречник од околу 1 метар и распон на крилата од 3 метри. Помала е само тежината на боевата глава: кај советската ракета Х-22 таа беше тешка околу 900 килограми, додека кај новата ракета Х-32 нејзината тежина е околу 500 килограми. Просторот кој на тој начин остана слободен е искористен за дополнително гориво. Дострелот на ракетата достигнува и до 1000 км.  

Она по што Х-32 пред сѐ се разликува од својата претходница е новиот радарско-инерцијален систем за наведување со радиокомандна корекција и движење кое го следи релјефот на теренот врз основа на податоците од висинометарот. Според мислењето на стручњаците, ракетата е многу добро заштитена од пречки од дури и најсовршените средства кои емитуваат зрачење. Таа исто така има нов помоќен и поекономичен мотор. Х-32 лета кон целта на максимална висина од околу 40 километри. Брзината на ракетата се движи во дијапазон од 1100 до 1500 метри во секунда. „Споредувањето на тактичко-техничките карактеристики на Х-32 и американската ракета Стандард-6 покажува дека активната фаза на летот на нашата ракета се одвива на висина која е речиси 7 километри над горната граница на зоната на дострел на американската противвоздушна наведувана ракета и речиси двојно ја надминува претпоставената максимална брзина на аеродинамичките цели. Се работи за однос 1500 према 800 метри во секунда. Из тоа можеме да заклучиме дека Американците не се во состојба да ја соборат руската ракета“, смета докторот на воени науки Константин Сивков.

Според тоа, најмоќните и најсовремени американски крстосувачи од типот на „Тиндерога“ или разурнувачот „Арли Бурк“ остануваат незаштитени пред руските бомбардери Ту-22М3 со ракети Х-32.

„Истрелувањето на 24 крстосувачки ракети Х-32 врз ударна  формација на носач на авиони ќе биде фатално. Веројатноста да дојде до неутрализирање или потопување на носачот на авиони изнесува 0,75-0,85 со уништување два стражарски брода. Нашите авиони ќе се наоѓаат во најповолната позиција за напад без да влегуваат во зоната на дејство на непријателските палубни ловци“, смета експертот.

Појавувањето на сериски произведената хиперсонична ракета, според мислењето на Сивков, ќе предизвика револуција во вештината на војување на море. Имено, релативниот паритет во системот напад-одбрана ќе биде заменет од ситуацијата во која потенцијалот на нападот значително ќе ги надмине можностите за одбрана.

Прочитајте повеќе: Тешките крстосувачки ракети Х-32 наскоро на стратешкиот бомбардер Ту-22М3

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња