Новите руски ракети ќе погодуваат цели од стратосферата

Боевите глави ќе бидат недофатливи за системите за ПРО и ловците-пресретнувачи на непријателот во стратосферата на висина од 40 км. Според воените експерти, новото оружје нема биде за оперативна употреба и ќе се користи како средство за одвраќање.

Руските конструктори ги вршат финалните испитувања на најновите ракети Х-32 за стратешките бомбардери Ту-22M3 кои учествуваат во сириската операција. Новото оружје ќе биде во можност да оди во стратосферата на висина до 40 километри со нуклеарна или конвенционална 500-килограми тешка боева глава и да погоди цели со прецизност до неколку метри.

Секој стратешки бомбардер ќе може да носи само 2 такви крстосувачки ракети – секоја од нив тежи околу 6 тони.

Како што изјави за „Руска реч на македонски“ главниот уредник на списанието „Национална одбрана“ Игор Коротченко, Х-32 е совршена за неутрализирање на групи со носачи на авиони и други тешки бродови на противникот.

„Сепак, оружјето нема да се користи во операциите на домашните Воздушно-космички сили во странство и ќе служи исклучително како средство за одвраќање во рамките на воената доктрина на Руската Федерација“, изјави тој.

Карактеристики на Х-32

Ракетата доби инертен (автономен, врз кој не влијаат средствата за електронско војување) систем за навигација и боева глава со самонаведување со радар. Ова решение овозможи повеќекратно да се подобри прецизноста на нејзиното наведување без да биде поврзано со системите за навигација GPS или ГЛОНАСС.

За разлика од другите ракети, Х-32 се крева во стратосферата на висина на метеоролошките сонди, каде веќе нема ни авиони-лови, ниту противракети на потенцијалниот непријател. Потоа таа лета до 1000 км и пикира надолу до целта.

Според извор на „Руска реч на македонски“ во одбранбено-индустрискиот комплекс, во моментов ниеден руски или странски систем за противракетна одбрана не е во можност да ја детектира X-32 додека се приближува до целта: ниту домашниот систем С-400 „Триумф“, ниту пак американскиот MIM-104 „Патриот“.

„Брзината на летот на Х-32 е пет пати поголема од нејзиниот претходник, кој се наоѓа во состав на вооружувањето од крајот на 60-тите. Системите за противвоздушна и ракетна одбрана денес не може да детектираат боева глава со вертикален пад која се движи надолу со брзина од над 5400 км/ч“, изјави тој.

Според него, Х-32 не ги крши одредбите од договорот за демилитаризација на вселената до 1967 година, затоа што не се лансира во Земјината орбита. Исто така, не се прекршуваат ни одредбите на договорот за ракетите со краток и среден дострел - договорот не им забранува ниту на Русија, ниту на САД да конструираат ракети „воздух-земја“, објаснува изворот на „Руска реч на македонски“.

X-32, која според големината може да се спореди со јуришен ловец, претставува модернизација на ракетата од крајот на 60-тите години. Нејзиниот „претходник“, исто така, можеше да биде опремен со 500 килограми тешка нуклеарна или конвенционална боева глава. Сепак, должината на нејзиниот лет беше само 90 километри, а прецизноста на ударот не беше многу голема.

Денес, конструкторите создадоа нов мотор кој ѝ овозможува на ракетата да погодува цели на оддалеченост до 1000 км, како и нов систем за управување кој ги координира своите дејствија со другите проектили лансирани баражно.

Тактичко-технички карактеристики

Должина 11,6 м;

Попречен размер 0,9 м;

Маса 6000 кг;

Далечина на лансирање 1000 км;

Висина на лет 600 - 40 000 м;

Брзина на лет - 5400 км/ч;

Мотор – двокоморен, дворежимски ракетен мотор на течно гориво.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња