„Пересвет”, „Посејдон” и „Буревесник”: Русите му дадоа име на најновото руско оружје

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Руското Министерство за одбрана соопшти дека граѓаните на Русија со гласањето на сајтот на воениот ресор ги одбраа имињата за најновото оружје за кое зборуваше претседателот на РФ Владимир Путин при обраќањето до Федералното собрание на 1 март.

Како што е соопштено, новиот борбен ласерски систем ќе го носи името „Пересвет”, крстосувачката ракета на нуклеарен погон го доби називот „Буревесник”, а беспилотниот подводен апарат - „Посејдон”.

„Од самиот почеток овие називи беа во водство. Имаше многу екзотични и добри предлози. Луѓето избраа. Денес ќе бидат испишани „изводите на родените“, објасни заменик-министерот за одбрана на Русија Јуриј Борисов.

Според него, овие „називи се многу впечатливи”. „Тие ја пренеуваат и специфичноста на тоа оружје и сферата на неговата примена. Но, независно од тоа какво име носат, тоа е всушност изборот на народот и за тоа веќе не се расправа“, истакна Борисов.

„Знаете, постои изреката: како ќе го наречеш бродот, така и ќе плови. Народот му даде име на оружјето и тоа така и ќе се однесува“, додаде заменик-министерот.

Гласањето на сајтот на Министерството за одбрана за изборот на имињата за најновото руско вооружување заврши на 22 март точно во 20 часот по московско време.

Ова е првиот случај во историјата на Русија народот да бира со гласање назив на оружјето. Претходно називите за оружјата ги избираа претставниците на војската, истакнува агенцијата newsru.com.

Прочитајте повеќе за руското супероружје од кое нема одбрана: Со што го шокираше Путин светот?