Претседателот на Русија Владимир Путин на 1 март во обраќањето до Федералното собрание зборуваше за најновото руско оружје, кое ќе ја штити земјата во следните децении.
„Почнавме да разработуваме нови видови на стратешко оружје кои не користат балистичка траекторија кога се приближуваат до целта, а тоа значи дека системите за противракетна одбрана во борбата против нив се едноставно бескорисни и бесмислени“, рече Путин.
Како што коментираше за Russia Beyond поранешниот воен аналитичар на весникот „Известија“ Дмитриј Сафонов, таа нова ракета наликува на домашната Х-101 и на сите познатата американска „Томахавк“.
„Но, во новата руска ракета има мала енергетска супермоќна нуклеарна енергетска направа која ѝ овозможува практично неограничен дострел (дострелот на ракетата „Томахавк“ е 2500 км, а на Х-101 5000 километри) додава Сафонов.
Новата руска ракета лета на ниски височини и е речиси незабележлива. Со други зборови, тоа ќе лета со хиперсонична брзина на висина недостапна за современите системи за противракетна одбрана, нагласи рускиот лидер.
„Дострелот на ракетата не е ограничен и затоа таа може да маневрира. Никој во светот во моментов нема ништо слично. Некогаш ќе се појави, но тогаш нашите момци веќе ќе смислат нешто ново“, резимираше Путин.
„Завршено е испитувањето на хиперсоничниот авијациски ракетен систем кој нема пандан во светот. Од 1 декември 2017 година системот стапи на борбено дежурство во Јужниот воен округ. Неговата ракета, која лета со хиперсонична брзина, исто така, маневрира на сите делови на патеката, што овозможува избегнување на сите системи за ПРО. Овој систем го доби името „Кинжал“, рече Путин, додавајќи дека се завршени и тестирањата на стратешкиот систем со маневрирачка крстосувачка боева глава.
Оваа ракета може да погоди цел оддалечена повеќе од 2000 километри, рече командантот на Воздушно-космичките сили на Русија генерал-полковник Сергеј Суровикин. Авионот може да ја довезе ракетата до местото на нападот за неколку минути, да ја испушти, а таа за дел од секундата ќе развие хиперсонична брзина (8 пати побрзо од звукот) и ќе јурне кон целта.
„Поседувањето на такво оружје несомнено дава сериозна предност во сферата на вооружената борба. Неговата моќ, потенцијалот, тврдат воените стручњаци, можат да бидат огромни, а брзината го прави неранлив кога станува збор за постојните системи за ПРО и ПВО, бидејќи ракетите-пресретнувачи, просто кажано, не можат да го стигнат“, соопшти претседателот.
Путин зборуваше за уште еден нов тип на хиперсонично оружје. Тоа ќе биде способно да маневрира во густите слоеви на атмосферата и ќе биде практично неранливо.
„Тоа ќе биде како метеор, како огнена топка, а притоа лесно диригирана“, рече Путин. Оружјето РС-26 засега го носи името „Авангард“.
„Од оправдани причини не сме во состојба денес да покажеме како изгледа оваа ракета. Мислам дека на сите им е јасно колку е тоа важно. Но, верувајте ми дека сето тоа постои и одлично функционира“, рече Путин.
Главното нешто по кое „Авангард“ се разликува од другите ракети е неговата способност да лета на височина од неколку десетици километри низ густите слоеви на атмосферата, практично во вселената.
РС-26 е интерконтинентална балистичка ракета која може да ја погоди целта каде било на планетата.
А експертот Дмитриј Сафонов додава дека постојните ПРО системи нема да можат да му наштетат на „Авангард“.
Русија ја почна активната фаза на тестирање на новиот ракетен систем со тешката интерконтинентална ракета „Сармат“. Овој систем ќе го замени ракетниот систем „Воевода“, кој беше создаден уште во СССР, рече Путин.
Можностите на „Сармат“ се значително поголеми. Неговата тежина е 200 тони, но има краток активен дел на полетување, што го отежнува неговото пресретнување. Има поголем дострел од „Воевода“, а исто така има и поголем број нуклеарни блокови, кои истовремено се и помоќни.
„Сармат“ ќе користи широк спектар на нуклеарни блокови со голема моќ, вклучувајќи и хиперсонични. Ќе има најсовремени системи за пробивање на туѓата противвоздушна одбрана.
Високата заштитеност на лансирните рампи на системот и големите енергетски можности овозможуваат негова примена во сите можни ситуации. „Воевода“ имаше дострел до 11000 километри, а „Сармат“ нема никакви ограничувања. Може да нападне преку Северниот и Јужниот пол.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче