Експерт: Какви имиња можат да добијат новитетите во руското вооружување за кои зборуваше Путин

Александар Вилф/Sputnik
Во советската и подоцна руската армија никогаш не постоеја јасно поставени правила според кои му се даваа називите на вооружувањето, но принципот беше да бидат лесни за помнење и звучни, изјави за РИА „Новости“ претседателот на Академијата за геополитички проблеми, доктор на воени науки Константин Сивков.

Претседателот на РФ Владимир Путин во своето вчерашно обраќање до Федералното собрание ги повика руските граѓани да размислат за имиња за најновите видови стратешко вооружување. Министерството за одбрана на Русија отвори на нов оддел на својот официјален сајт гласање vote.mil.ru, во рамките на кое сите кои сакаат можат да предложат свои називи за новитетите на домашната наменска индустрија.

„Не постои никаков прецизно утврден систем во давањето имиња на вооружувањето. Најважно е имињата да звучат добро и да бидат лесни за помнење. Тоа е сѐ што се бара“, изјави Сивков.

Тој додаде дека раководниот кадар во руската војска претходно донел одлука на новите самоодни артилериски системи да им се дават имиња на цвеќе, па така се појавија „Гвоздики“ (каранфили) и „Гиацинти“ (зумбули). Слични обиди постоеле и кога станува збор за поморските борбени системи, за кои биле наменети исклучиво имиња на „камења“ („Малахит“, „Аметист“), но таа идеја не заживеала.

Меѓу видовите и родовите на руската војска единствено во Воената морнарица, во која повеќето бродови се наречени во чест на познатите советски и руски морнарички старешини, постои во таа смисла некаков систем. Меѓутоа, и во Воената морнарица има бројни исклучоци, за што зборуваат и „ѕверската“ серија подморници (Проект 971) во која спаѓаат подводните пловила „Волк“, „Пантер“, „Леопард“, „Тигар“ и други.

Прочитајте повеќе: Кадиров предложи име за новата крстосувачка торпедо-ракета: Нека се вика „Палмира“!

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња