„Невестата на Сатаната“: И британските весници предлагаат називи за новото руско оружје

Ново руско оружје „Авангард“. Скриншот.

Ново руско оружје „Авангард“. Скриншот.

Британските новинари се под силен впечаток на информациите за новото руско оружје кое го претстави претседателот на РФ во обраќањето до Федералното собрание, така што и тие предложија име за едниот од тие системи.

Како што соопштува „Метро“, се работи за хиперсоничната ракета на системот „Авангард“ која е невозможно да се пресретне.

Наведеното издание пишува дека ова оружје може да изврши напад врз секое катче на Земјината топка. Авторот на публикацијата потсетува дека ракетата може да маневрира на патот до целта и дека е недофатлива за системите за противракетна одбрана, пренесува порталот rg.ru.

„Би сакале за недофатливиот „Авангард“ да предложиме свој назив: „Невестата на Сатаната“, пишува „Метро“.

Тие ја објаснуваат оваа варијанта за називот со тоа што Русија го тестира и стратешкиот ракетен систем од петта генерација РС-28 „Сармат“ кој е познат во НАТО како „Satan-2“ (Сатана-2).

Гледано во целина, новинарите го оценуваат новото руско оружје како голем технолошки напредок кој значително може да го подобри воениот потенцијал на Русија.

Стратешкиот систем „Авангард“ со хиперсонична крстосувачка боева глава која маневрира во текот на летот е пуштен во сериско производство и Русија во целост ги заврши сите работи врз крстосувачката ракета на нуклеарен погон и дека тој проект е „во целост доведен до крај“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња