Пристигнаа повеќе од 254 илјади предлози за називи на најновото руско стратешко вооружување. По обработката и анализата се издвоени по 50 најпопуларни називи за секој од трите видови оружје за кое се гласа на сајтот.
Повеќе од 484 илјади гласачи, околу 18%, сакаат да ја наречат новата крстосувачка ракета по името на древниот сириски град Палмира. На второ место е „Император“ (речиси 372 илјади, околу 14%). Меѓу најпопуларните називи се и „Нежданчик“ (жаргонски израз за неочекувано) и „Тишина“.
Повеќе од 28% или речиси 50 илјади луѓе се определија за името Шептун (Шепкач) за беспилотниот подводен апарат, додека на второ место е Карась (Караш), односно 27% (47 илјади гласови).
Повеќе од 23 илјади луѓе (речиси четвртина од вкупниот број) се одлучија за името Горыныч (Огнен змеј) за борбениот ласерски комплекс. На второ место е Офтальмолог (Офталмолог) cо 12 илјади гласови, речиси 13%. Меѓу популарните предлози се и имињата Светлячок (Светулка), Циклоп (Киклоп) и Зайчик (Зајче).
За новото вооружување неодамна првпат зборуваше претседателот на Русија Владимир Путин во своето обраќање до Федералното собрание, кога и повика да се гласа за нивните имиња на сајтот на Министерството за одбрана на РФ.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче