Неопходната документација за тоа ќе биде потпишана во најскоро време, потврди изворот за РИА „Новости“.
Најновото руско борбено возило претходно беше снимено кога сирискиот претседател Башар Асад ја посети руската воена база Хмејмим.

Reuters
Благодарение на резултатите од Сирија и позитивните оцени кои руските тенковски екипажи ги дадоа на ова средство, решено е да „Терминатор-2“ од оваа година да се воведе во вооружувањето на руската армија.
„Терминатор-2“ е наменет за борба против тенкови и други оклопни возила на непријателот, за одбивање на напади од хеликоптери и авиони кои летаат ниско.