Како се склопуваат „Терминатори”: Објавени фотографии од тајните одделенија на „Уралвагонзавод”

Уралвагонзавод
Прес-службата на корпорацијата „Уралвагонзавод” објави на „Фејсбук“ фотографии кои го прикажуваат процесот на склопување на борбените возила за поддршка на тенкови (БМПТ) „Терминатор”.

„На овие фотографии се полуфабрикатите „Терминатор“. Вака се склопуваат БМПТ во тајните одделенија на претпријатието“, соопштија претставниците на компанијата.

Во соопштението се наведува дека многу операции се вршат рачно, но дека сите фази се реализираат строго според планот.

Како што пишува „Росијскаја газета“, во моментов во претпријатието се склопуваат 10 „Терминатори”. Планирано е овие возила на 9 мај да учествуваат во Парадата на Победата во Москва.

Државните тестирања на БМПТ се завршени уште во 2006 година, но во 2010 година руската војска објави дека се откажува од набавката на овие возила. И покрај тоа, почна сериското производство на „Терминаторите“ за испорака на Казахстан, каде овие возила се користат од 2011 година. Неколку години подоцна „Уралвагонзавод” ја понуди новата верзија на БМПТ, која е подоцна испробана во воени услови во Сирија. Министерството за одбрана на Русија врз основа на тоа одлучи сепак да ја набави оваа техника. Исто така се појавија информации и за интерес на Израел и Сирија за нивна набавка.

Прочитајте повеќе: Новите оклопни возила „Терминатор“ ќе се појават на Црвениот плоштад

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња