Руските падобранци го добиваат новиот систем „Птицелов“ до 2022 година

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Воздушно-десантните сили на руската војска до 2022 година ќе добијат современ противвоздушен ракетен систем кој со падобран се исфрла од авион, изјави командантот на Воздушно-десантните сили генерал-полковник Андреј Сердјуков. Во овој момент се развива проектната документација и се дефинира изгледот на системот.

Најновиот систем е создаден врз база на борбената десантна машина БМД-4М. Тоа е исклучиво зенитен ракетен систем без топовско вооружување. Ќе може да се доставува со воено-транспортни  авиони и да се исфрла со помош на падобрански системи. Според авторот на проектот, „Птицелов“ ќе биде поефикасен од системите за противвоздушна одбрана кои во моментов се наоѓаат во вооружувањето на руските воздушно-десантни сили.

Генерал-полковник Андреј Сердјуков додава дека новиот противвоздушен ракетен систем за десантирање од воздух ќе го добијат батериите на падобранско-десантните  и десантно-јуришните дивизии на ВДВ. И не само тие - „Птицелов“ ќе можат да го користат и припадниците на другите видови и родови на вооружените сили.

Прочитајте повеќе: Падобранците добиваат нова генерација оклопен автомобил „Торос“