Десантниот потенцијал е најважната карактеристика на „Тајфун ВДВ“.
mil.ruМинистерство за одбрана на Русија ја објави првата фотографија на прототипот на своето ново лесна десантно оклопно возило „Тајфун ВДВ“. Дизајнирано како одговор на брзото подобрување на технологиите за лесно оружје кое е закана за постојните лесни оклопни возила, ќе се најде во арсеналот на руските падобранци за една година.
„Развојот на лесното оружје поради големото влијание врз автомобилската технологија бара зголемена заштита на екипажот за време на преместувањето“, изјави полковник Николај Анохин, раководител на одделот за логистика на руските Воздушно-десантни сили.
Десантниот потенцијал е најважната карактеристика на „Тајфун ВДВ“. И покрај напредниот оклоп, кој обично ја зголемува тежината, армијата може да го исфрли со падобран лесното оклопно возило во зона на конфликт. Оваа десантна функција во голема мера го подобрува борбениот потенцијал на возилото.
Производството на „Тајфун ВДВ“ започнува во 2019 година, откако ќе заврши целото неопходно тестирање.
Прочитајте повеќе за останатите карактеристики на „Тајфун-ВДВ“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче