Планирано е САУ „Лотос“ во 2019 година да ја заврши етапата на генерална тактичко-техничка проверка на ова средство која ќе се изведува во единиците на ВДВ. Доколку овие тестови се завршат успешно, од 2020 година се планира и негово сериско производство.
Основната намена на самоодното артилериско орудие „Лотос“ е огнена поддршка на падобранските единици на земја, кое како и останатата воздушно-десантна борбена техника ќе се десантира со падобрани.
Конструиран е со намера да го замени системот „Нона-С“. Руската армија, поточно нејзините воздушно-десантни единици во својот состав имаат околу 750 единици САУ „Нона“, од кои 250 се во оперативна состојба. Вооружен е со артилериското средство 2А51 со калибар од 120 мм кое има карактеристики на класичен топ, хаубица, но и на минофрлач. Значи може да дејствува со директна, но и со траекторија карактеристична за минофрлачите и хаубиците. Покрај неговата стандардна палета на муниција, може да гаѓа и со прецизна муниција „Китолов“ и „Грањ“.
Руските падобрански артилериски посади ќе го употребуваат „Лотос“ со артилериско орудие од 120 мм како за непосредна огнена поддршка на десантираните единици на земја, така и за дејство по непријателот во длабочината на фронтот.
Покрај овој калибар, планирано е ова средство да биде вооружено и со калибар 152 мм.
За разлика од експерименталниот проект „Зауралец-Д“ кој исто така фигурираше како решение за единиците на ВДВ, „Лотос“ ќе се одликува со нов изглед, поинаков систем на управување и ново артилериско орудие кое ќе може да стрела со модернизирана муниција која се развива посебно за него.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче