Во подготовка е уште едно лансирно тестирање на новата интерконтинентална балистичка ракета „Сармат“, најави началникот на Генералштабот на Вооружените сили на РФ генерал на армија Валериј Герасимов.
„Ракетата првпат е истрелана кон крајот на декември минатата година. Во овој момент на космодромот Плесецк со полна пареа се одвиваат подготовките за ново лансирно тестирање“, изјави Герасимов.
Како што нагласи началникот на рускиот Генералштаб, „Сармат“ може да носи боеви глави со голема маса и огромен капацитет.
„Тешката преку 200 тони ракета има кратка активна фаза на летот додека можностите за совладување на противракетната одбрана се зголемени. Ракетата може да носи боеви глави со голема маса и огромен капацитет“, изјави Герасимов, потсетувајќи дека „Сармат“ според своите карактеристики ги надминува сите постојни интерконтинентални балистички ракети.
Во план е реализација на повеќе од 50 задачи, рече командантот на Ракетните сили за стратешка намена генерал-полковник Сергеј Каракајев. Како што нагласи тој, тестирањето ќе биде добра можност системите и склоповите на лансирниот уред да ги потврдат во пракса решенијата кои конструкторите ги применија на ракетата. Творците на новата интерконтинентална балистичка ракета (ИБР) исто така очекуваат експериментална потврда на функционирањето на ракетната конструкција и нејзините системи, како и сигурноста на системот и агрегатот на надземниот стартен комплекс.
Тој исто така рече дека во текот на новото тестирање на интерконтиненталната балистичка ракета „Сармат“ акцентот ќе биде ставен на излегувањето од шахтата и придвижувањето на маршевскиот мотор. „Главната цел е увежбување на таканаречениот минофрлачки старт на ракетата и нејзиното почетно движење со излегување од шахтниот лансирен уред и активирањето на маршевскиот мотор“, рече командантот на Ракетните сили за стратешка намена.
Сергеј Каракаев нагласи дека за вежбите е направена макета на системот „Сармат“, дека е поставена на Првиот државен пробен космодром, како и дека во моментов се одвиваат монтажни работи и спроведуваат подготовки за проби на електричните компоненти и полнење на направата со компоненти на ракетно гориво“. Тој нагласи и дека „подготвителните работи за вежбите се вршат во склад со соодветниот распоред и дека се обезбедени со сите неопходни ресурси“.
Претседателот на РФ Владимир Путин во неодамнешното обраќање до Федералното собрание изјави дека Министерството за одбрана на Русија во соработка со претпријатијата од ракетно-космичката сфера ја започнало активната фаза на тестирање на новиот ракетен систем со тешка интерконтинентална балистичка ракета по име „Сармат“.