Ракетите „Сармат“ наскоро пристигаат во стратешките сили на руската армија

Скриншот

Скриншот

Стратешките ракетни сили на руските Вооружени сили наскоро ќе добијат неколку балистички ракети од нова генерација „Сармат“, соопшти „РИА Новости“ повикувајќи се на Виктор Бондарев претседател на Комитетот на Советот на Федерацијата на РФ за одбрана и безбедност.

„Вооружувањето со системи „Сармат“ ќе биде рентабилно, што е реткост кога станува збор за воведување ново оружје. Оваа интерконтинентална ракета ќе биде базирана во веќе постоечките ракетни силоси со минимална доработка на инфраструктура“, рече сенаторот. Тој истакна дека засега е прерано да се зборува за сериско производство на новата интерконтинентална балистичка ракета, бидејќи вооружувањето со овој систем е предвидено за периодот 2018-2027 година, пренесува порталот rg.ru.

Претседателот на Русија Владимир Путин го најави почетокот на активната фаза на тестирањето на „Сармат“. Оваа ракета во рускиот арсенал ќе ја замени тешката интерконтинентална балистичка ракета „Воевода“ од советско производство и ќе има хиперсонични термонуклеарни боеви глави со голема моќ.

Стратешката интерконтинентална ракета од петта генерација „Сармат“ е единственото оружје на светот кое може да стигне до секоја точка на земјината топка со траекторија која не е оптимална (т.е. која противникот не ја очекува). Погонот на ракетата тешка 200 тони е таков што ѝ овозможува „лет преку Северниот и Јужниот пол“, рече претходно за оружјето Јуриј Борисов, заменик-министер за одбрана на Русија.

„Тоа е многу сериозно оружје и на многумина навистина им влева страв“, додаде Борисов.

Ракетата е долга 30 метри, носи кон целта повеќе од 10 боеви глави од кои секоја може да има сила до еден мегатон. Според оцените на западните експерти, една интерконтинентална балистичка ракета е доволна да се срамни со земја една помала држава.

Првите системи „Сармат“ ќе ги добијат единиците на стратешките ракетни сили кај Оренбург и Краснојарск. Таму за нив веќе се подготвуваат ракетни силоси.

Прочитајте повеќе: Дострелот му е целата планета: Сармат – новиот руски „миротворец“

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња