Интерконтинентална балистичка ракета РС-18 „Стилет“ на космодромот Бајконур пред пробно лансирање.
Сергеј Казак/TASSКако што објави ТВ каналот „Ѕвезда”, овој напреден стратешки силосен ракетен систем со текот на времето ќе ги замени интерконтиненталните балистички ракети Р-36М „Воевода” и УР-100Н. За оваа година се планирани 12 лансирања на интерконтинентални балистички ракети во текот на кои ќе бидат проверени конструкторските решенија.
Во 2018 године нема да бидат тестирани само најновите ракети, туку и автоматските пушки „Калашников” од нова генерација: малогабаритната АМ-17 и нечујната малогабаритна АМБ-17. Се наведува дека АМ-17 ќе може да ја замени АКС-74У. Новото стрелечко оружје ќе го користат екипажите на борбената техника и специјалните единици. Должината на оваа автоматска пушка тешка 2,5 килограми со кундак во преклопена положба изнесува само 50 сантиметри. А автоматската пушка АМБ-17 може да биде алтернатива на пушката „Вал”.
Прочитајте повеќе за ракетата „Сармат“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче