Оваа информација ја пренесоа сириски извори, кои како дополнување објавија и фотографија на која се гледа антена на радарскиот систем 1Л122 „Гармоњ“. Таа е монтирана на гасеничен транспортер МТ-ЛБу. До радарот се наоѓа и војник со автоматска пушка кој, судејќи според сѐ, е во составот на сириската армија. На фотографијата дополнително е деформирана околината, таа што оној кој што гледа не може точно да ја лоцира позицијата на овој радар.
Радарската станица 1Л122 „Гармоњ“ е предвидена за набљудување на воздушниот простор во круг од 360 степени. Таа не е исклучиво наменета за откривање на непријателски цели како што се борбени авиони и хеликоптери. Нејзината особена специјалност е откривање на воздушни објекти како што се крстосувачките ракети. Во последно време посебна опасност доаѓа од беспилотните летачки апарати кои овие силни, малогабаритни радарски станици ги откриваат без оглед на нивната мала радарска рефлексија.
Максималната далечина на откривање на цели кога е во прашање мобилната верзија на радарот* изнесува околу 80 км. Тој ги открива сите цели во тој радиус кои се наоѓаат на висина до 20 км и кои летаат со брзина до 700 м/сек. Заради дополнително зголемување на својата ефикасност, радарската станица 1Л122 „Гармоњ “ е поврзана со системот за глобално сателитско позиционирање ГЛОНАСС.
„Гармоњ “ во суштина работи во пар со различни системи за противвоздушна одбрана, како што е преносниот ракетен систем „Игла-С“, но и мобилните системи за ПВО како што се „Стрела-10“, „Оса-АКМ“, „Тунгуска-М1“, „Панцир-С1“, „Тор“ итн.
* Постои и преносна варијанта на овој радар која се произведува под ознаката 1Л122-Е1. Се одликува со помала радарска антена и поедноставен комплет на неопходната опреме заради полесно пренесување. Дометот на оваа верзија во далечина е 40км, а во висина 10км.