На Крим ќе биде поставен најновиот радар „Воронеж-СМ“

Радар „Воронеж-М“ во Усолје-Сибирское, Иркутска област, Русија.

Радар „Воронеж-М“ во Усолје-Сибирское, Иркутска област, Русија.

Вадим Савицки/ТАСС
Руските власти имаат намера да ја распоредат на Крим најновата радарска станица „Воронеж-СМ“, дел од националниот систем за предупредување од ракетен напад, соопшти генералниот конструктор на системот Сергеј Боев.

Ваква одлука може да биде донесена поради несоодветноста на станицата „Днепар“ во Севастопол која во моментов се наоѓа во лоша состојба, пренесува „Взгљад“.

„Воронеж-СМ“ е, за разлика од застарениот „Днепар“, перспективна станица од најнова генерација со висока точност на откривање на цели. Радарот со сантиметарски дијапазон е способен да прибере информации за секоја цел која влегува во неговата зона на работа.

Изградбата на Крим на најнов радар забележително ќе го зајакне копнениот сегмент на системот за предупредување од ракетен напад од јужен и западен правец, убеден е воениот експерт, главен уредник на списанието „Воздушно-космичка граница“ Михаил Ходарјонок.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња