Видео: „Летечкиот радар“ однатре

Скриншот

Скриншот

Министерството за одбрана на Русија објави видеоснимка од заедничкиот тренинг на авионот со радар за откривање на оддалечени цели и управување А-50У и пресретнувачите МиГ-31БМ.

Пресретнувачите имаа задача да го спречат пробивањето на системот за ПВО и масовен воздушен напад врз стратешките воени и индустриски објекти. Во улога на „непријателот“ беа ловци Су-30СМ и Су-35С.

Во пресрет на авионите кои го „нарушија воздушниот простор“ полетаат надзвучни пресретнувачи МиГ-31БМ на дежурните сили за ПВО. Нивните екипажи добиваа во реално време од А-50У координати и параметри за движењето на „непријателските“ авиони.

„Секоја цел е условно погодена со ракети на оддалеченост поголема од 100 км“, изјавија од Министерството за одбрана на РФ, а пренесува порталот rg.ru.

Сто километри не е најголемиот домет на авионот МиГ-31. Тој уникатен пресретнувач постави светски рекорд во далечина на целно гаѓање. Може да погоди воздушна цел со наведувана ракета на трипати поголемо растојание. МиГ-31 автоматски разменува податоци со авионот А-50У.

„Летечкиот радар“ е направен врз основа на авионот Ил-76. Екипажот го сочинуваат десет лица, од кои петмина управуваат со моќниот радар. Благодарение на формата на радарската станица на трупот авионот А-50У го доби прекарот „печурка“. Ова летало контролира воздушен простор во радиус од 800 километри и може истовремено да следи 300 цели, праќајќи ги нивните координати до авионите-ловци и средствата за ПВО на копно. Авионите со радар за откривање на оддалечени цели и управување на Воздушно-космичките сили на Русија се базирани во Иваново.

Прочитајте повеќе: Зошто Русија испрати во Сирија два нови разузнавачки авиони

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња