Радарска станица „Дон-2Н“
mil.ruЗа време на вежбата е симулиран масовен атомски напад врз територијата на Руската Федерација. Виртуелните балистички проектили се приближуваа кон Русија од различни насоки: од Средоземното море, од североисточниот дел на Атлантскиот Океан и од Тихиот Океан. За неколку секунди, системот непогрешливо ги идентификуваше боевите делови на ракетите и продолжи да ги следи.
Во реална ситуација би следело издавање на наредби за пресретнувачите. И покрај автоматските системи, одлуката за употреба на оружје ја носи човек. „Дон“ управува со противракетните батерии за пресретнување кои се распоредени на позиции околу Москва.
Радиусот на дејство на џиновскиот радар е 4000 километри. Фазните антенски решетки насочени на четири страни можат во вселенскиот простор околу Земјата да детектираат објект со големина на тениско топче. Информациите кои пристигнуваат од антените, сателитите и други објекти на Системот за предупредување од ракетен напад ги процесуира суперкомпјутер кој во станицата зафаќа цел кат. Една од предностите на овој систем лежи во фактот што е способна меѓу лажните цели непогрешливо да ги детектира борбените блокови на балистичките ракети. Лажните цели имено се значително полесни и, кога влегуваат во атмосферата, заостануваат зад тешките плутониумски боеви глави.
„Во тек е длабока модернизација на противракетниот систем на Москва и на централниот реон на Русија A-135 „Амур“. Специфичноста на овој процес е во тоа што карактеристиките на системот се подобруваат без негово отстранување од борбеното дежурство“, објаснува началникот на Одделот за борба против алгоритми и програми, полковник Иљдар Тагиев.
Претходно се успешно тестирани новите ракети за противракетниот систем „Амир“. За разлика од претходните модели, тие можат да ги соборуваат непријателските боеви глави не само со нуклеарна експлозија, туку и со директен погодок.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче