Ракета „Искандер“ погоди цел оддалечена повеќе од 100 километри

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Припадниците на ракетните единици реализираа гаѓање со балистичка ракета на оперативно-тактичкиот ракетен систем „Искандер-М“ со боева глава на полигонот Капустин Јар во Астрахањската област. Ова го соопшти информативната служба на Министерството за одбрана на РФ.

„Ракетата е истрелана врз цел оддалечена повеќе од 100 километри – тоа беше имитација на команден пункт на условен непријател. Целта е погодена со висок степен на прецизност“, се вели во соопштението. Се истакнува дека активностите на екипажот добиле одлична оцена. По завршувањето на маневрите војниците ќе ја натоварат новата техника на железнички платформи и „ќе извршат комбиниран марш до постојаната база“.

Во октомври беше соопштено дека во Русија е завршено тестирањето на новата ракета за оперативно-тактичкиот ракетен систем „Искандер“.  

Познатиот ракетен систем „Искандер-М“ уште сега е ефикасно и страшно оружје. На проектилот можат да бидат монтирани десет видови боеви глави.

Овој систем никогаш не е применет во борбени дејства. Може тотално да го опустоши теренот – наменет е за стратешки цели длабоко во непријателската позадина, т.е. за уништување на ракетни системи, воздухопловни бази, пристаништа, воени бази, фабрики и сл.

Има дострел од 500 километри и погодува цел со прецизност од 30 до 50 метри. Ракетите можат да носат обични боеви глави тешки 500 килограми, како и нуклеарни боеви глави.

Прочитајте повеќе: Завршени испитувањата на новата ракета за „Искандерите”