Називот „Искандер“ води потекло од арапското име на војсководецот Александар Македонски. Извор: ИТАР-ТАСС
Неодамна копнената војска на Русија доби раскошен подарок – на полигонот Капустин Јар, во свечена атмосфера, им беше предаден вториот целосен комплет на ракетни бригади од оперативно-тактичкиот комплекс „Искандер-М“.
Вториот бригаден комплет „Искандер“, како што дознава авторот на овие редови, е наменет за дислокација во Краснодарскиот крај. Првиот комплет, кој ова лето ѝ беше предаден на армијата, отиде во Биробиџан (главниот град на Еврејската Автономна Област на рускиот Далечен Исток) на боева служба. Иако податоците за составот на комплексот „Искандер-М“ официјално не се објавуваат, од отворени извори се дознава дека Државнта програма за вооружување 2020 содржи задача за десет комплетни бригади. Секоја година во единиците треба да влегуваат по две бригади. Во секоја од нив треба да има по 12 самоодечки лансирни уреди и парк помошни возила.
Главната доблест на ракетите „Искандер“, како на балистичките така и на крстосувачките, се состои во тоа што тие летаат по непредвидлива патека.
Засега „Искандер“ не постои во ниту една друга држава, освен во Русија. Првобитно комплексот беше наменет за испорака на Блискиот Исток, а не е исклучено дека бил наменет за Сирија. Поради тоа и неговиот назив води потекло од името на војсководецот Александар Македонски – Искандер. Но, обновувањето на дипломатските односи меѓу Русија и Израел на почетокот на деведесеттите години од минатиот век и молбата од Тел Авив да не му се продаваат на Дамаск овие ракети ја одиграа својата улога.
Сепак, извозна варијанта на овој систем постои. Се нарекува „Искандер-Е“, а ракетите што ги носи тој летаат на далечина од 300 километри. Со меѓународна спогодба поголемиот домет е забранет за извоз.
Освен „Искандер-Е“ постојат и „Искандер-М“ и „Искандер-К“. Оперативно-тактичкиот комплекс со буквата „М“ има балистички ракети што летаат на далечина од 500 километри. Поголем домет е забранет со Спогодбата за ракети од среден и од мал домет (РСМД). И како што велат експертите, ако не биде укинат, ракетите ќе полетаат подалеку. Варијантата на „Искандер“ со буквата „К“ во својот корпус носи две надзвучни крстосувачки ракети, кои тешко можат да се откријат со системите ПРО и ПВО.
Но, главната доблест на ракетите „Искандер“, како на балистичките така и на крстосувачките, се состои во тоа што тие летаат по непредвидлива патека. Ракетите од комплексот „М“ се движат како балистички, потоа во определена етапа од патот летаат кон целта како крстосувачки, за повторно да се подигнат на балистички пат и да итаат со суперсонична брзина кон зададената цел. Исти вакви карактеристики има и крстосувачката ракета „Искандер“. Освен тоа, нивните боеви глави можат да бидат фугасни и парцијално-фугасни. Освен тоа, ракетите „Искандер“ имаат и „специјална муниција“. Во превод на обичен јазик, тоа е нуклеарна боева глава.
Денес овие нуклеарни боеви глави не се поставени на ракетите – тие се наоѓаат во централните складишта на Министерството за одбрана. Но, доколку не биде прифатен предлогот на руското раководство за повлекување на сето нуклеарно вооружување на сопствената територија, што во прв ред се однесува на САД, кои во Европа држат околу двесте нуклеарни бомби В61, тогаш не се исклучува можноста дека на „Искандер“, или во околината на местото на нивното дислоцирање, ќе се појави „специјална муниција“.
Освен „Искандер-Е“ постојат и „Искандер-М“ и „Искандер-К“. Оперативно-тактичкиот комплекс со буквата „М“ има балистички ракети што летаат на далечина од 500 километри.
Истовремено во бригадниот состав на оперативно-тактичкиот комплекс (ОТК) „Искандер-М“, како и „Искандер-К“, не се вклучени сериозни системи за извидување. Зошто? Како што велат „ракетчиите“, комплексот е наменет за извршување задачи од надредената команда на самостојната армија или на воен округ. Тој дејствува во нивен интерес и токму од нив треба да ги добива координатите на целите и команда за дејство. А, командантот располага со податоци што доаѓаат од сателитите, од авион за оддалечено радиолокациско извидување и наведување, од беспилотни летала, од извидувачите од единиците... На ова ниво се создава единствен протокол за информациско-техничка компатибилност, која подразбира единствена номенклатура, формат и алгоритам за прием и пренос на информации, што не се однесува само за борбените системи на копнената војска туку и за другите родови.
Со создавањето на еден ваков единствен протокол засега има определени проблеми. Сепак, како што тврди началникот на Ракетните единици и артилерија на Копнената војска, генерал-мајорот Михаил Матвеевски, неговите потчинети сѐ повеќе ги користат сите средства за извидување што се наоѓаат во нивна надлежност. Покрај традиционалните системи додадени се и беспилотни летала што овозможуваат во реално време со неопходната прецизност за РВиА (ракетни единици и артилерија) да се откриваат објекти на противничките групации и да се обезбеди корекција на огнот и на нанесувањето на ударот. „Тоа не се теоретски истражувања“, тврди генералот, „во практика веќе се реализирани реални извидувачко-огнени и извидувачко-ударни контури, кои го поминаа тестирањето на Лушкиот полигон за време на заедничките стратешки вежби со Белорусија ‘Запад-2013’“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче