Сегашната верзија на системот „Искандер-М“ може да уништува непријателски објекти оддалечени 500 км.
ReutersНа интернет е објавена ефектна видео-снимка од лансирањето на новата подобрена ракета на системот „Искандер-М“.
Снимката е направена на маневрите на Колективните сили за брза реакција на Организацијата на договорот за колективна безбедност (ОДКБ) во Таџикистан, а на интернет ја постави ТВ-каналот „Ѕвезда“.
Сцените се снимани од различни агли. Прикажана е подготовката на системот за лансирање и лансирањето. Една камера на полигонот при лансирањето е покриена со земја.
Балистичката ракета е лансирана од полигонот Љаур. Уништена е цел оддалечена повеќе од 130 километри на полигонот Харбмајдон, каде беше условниот камп на терористите. Ракета ја погоди целта со прецизност од 10 метри.
Како што се соопштува, со лансирањето се потврдени подобрените карактеристики на ракетата во поглед на прецизноста и незабележливоста.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче