„Време е нашите западни партнери да станат свесни за новата реалност. Руските ракети „Кинжал“ се веќе во арсеналот на нашата армија, а „Авангард“ е пуштен во сериско производство“, ги пренесува агенцијата ТАСС неговите зборови.
Споменатиот извор соопшти дека Русија во целост ги завршила сите работи над крстосувачката ракета на нуклеарен погон и дека тој проект е „во целост доведен до крај“, пренесува „РИА Новости“.
Военодипломатскиот извор исто така истакна дека „не постои заштита и противотров“ од рускиот авионски ракетен систем „Кинжал“ кој развива брзина од 10 маха.
Тој истакна дека сите позиции на системите за ПРО, сите групации на воени бродови и сите воени контингенти сега се само добри цели. „Американското противракетно оружје против најновите системи што ги направи Русија е исто како чатал против авион“, изјави тој.
Изворот од военодипломатските кругови исто така истакна дека пропагандата на САД за противракетниот чадор кој Америка го прави за себе и своите сојузници во НАТО и на кој Вашингтон троши огромни средства е сега најобично „дупче во ѓеврек“, а дека нивниот систем за ПРО е како избушен чадор.