Тестирана руска нуклеарна подводна ракета со неограничен дострел

YouTube
Русија работи над повеќенаменски беспилотен апарат за нуклеарни подморници. Успешно е тестиран главниот елемент на новото оружје – нуклеарниот погонски систем, изјави командантот на Воено-морската флота на РФ, адмирал Владимир Корољов.

Благодарение на нуклеарниот реактор, кому не му е потребен воздух ниту дополна на гориво, радиусот на дејство на подводната беспилотна ракета не е ограничен. Дометот на современите нуклеарни подморници зависи само од способностите на екипажот, додека кај подводната ракета екипаж нема.

Беспилотната подморница може да се движи на огромна длабочина - повеќе од илјада метри - и со голема брзина, останувајќи незабележлива за противникот. Ова оружје е речиси нечујно и има високи маневарски способности, што му овозможува незабележливо да му пријде посакуваниот објект. А неговиот специјален систем за наведување обезбедува автономна навигација и прецизност при гаѓањето на целите.

„Симулациите што ги направивме покажаа дека е многу тешко да се пресретне овој апарат, речиси е невозможно“, изјави адмиралот. Тој истакна дека новото оружје се создава исклучително од руски компоненти. Се планира подводната ракета да влезе во состав на вооружувањето на руската војска по завршувањето на сите испитувања.

„Овие апарати ќе ѝ овозможат на ВМФ на Русија да решава широк спектар на задачи на отворено море“, додаде Корољов.

Прочитајте повеќе: Путин раскажа за новата руска беспилотна подморница

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња