Руските дронови со облик на птици го привлекуваат вниманието на Американците

Министерство за одбрана на РФ
Американските воени експерти повеќе не се однесуваат снисходливо спрема руските беспилотни летала. Напротив, тие изразуваат загриженост и се жалат на недоволното финансирање на експерименталните американски проекти, пишува магазинот „Национален Интерес“.

Вниманието на американските експерти го привлекоа напредните проекти во сферата на беспилотната авијација и роботизирани системи претставени во Воената воздухопловна академија „Жуковски и Гагарин”. Изложени се повеќе од 50 експонати, од кои повеќето се прикажуваат првпат. Најголемиот интерес на стручњаците го привлекоа беспилотните летала.

Едно од нив има облик на птица во соодветна боја и е наменето за извидување на теренот, наведување врз цели и обезбедување безбедна орнитолошка ситуација за време на летови на аеродром. Друг дрон е вид хеликоптер со нова станица за радиоизвидување. Освен тоа, претставен е и најновиот систем за автоматско приземјување на летала со помали димензии кои користат инфрацрвено зрачење.

„Клучниот момент лежи во тоа што Русите почнуваат да ја напуштаат „вообичаената“ конструкција на беспилотни летала и почнуваат да експериментираат со различен дизајн на дронови“, изјави стручњакот на Центарот за воена поморска анализа на САД Семјуел Бандет.

Тој исто така истакна дека новите беспилотни системи ќе бидат примени во состав на вооружувањето на руската војска и дека „тоа ќе се случи порано отколку што многумина очекуваат“.

„Иако Русија и понатаму заостанува зад САД и Израел во проектирањето на беспилотни системи, настаните како што е Денот на иновациите ѝ помагаат на Москва да го надомести она што го пропуштила. САД не би требало да ги прекинуваат инвестициите во оваа сфера за да не го загубат водството“, изјави Бендет.

Прочитајте повеќе: Рускиот Спецназ добива беспилотни летала кои се лансираат од рамо

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња