Најдобрите беспилотни летала од руско производство

Извор: РИА НОВОСТИ

Извор: РИА НОВОСТИ

Беспилотните летала во последниве години станаа еден од симболите на војните на новото столетие. Војните кои се водат и брзо и ефикасно, со минимални загуби на сопствените сили, војни во кои времето за добивање информации и за донесување одлука драстично се намали. „Руска реч на македонски“ за вас избра три беспилотни летала кои се најмногу застапени во вооружените сили на Русија.

Беспилотно летало „Груша“ („Круша“)

Еден од првите беспилотни системи што влезе во системот на Вооружените сили беше „Груша“ што ги произведе компанијата „Ижмаш - Беспилотни системи“. Неговата основна функција е извидување и набљудување, и тоа во мал радиус – отприлика 10 километри.

Беспилотното летало е наменето за извидување и за корекција на огнот. Таа на командниот пункт му испраќа координати на целите на височина од 300 до 500 метри, без проблеми гледа замаскирани објекти и ја фиксира ефикасноста на огнот. За противникот е незабележливо благодарение на светлата боја и на пластичниот корпус, низ кој минуваат зраците на радарот. Можеби токму поради овие специфики и поради посебната духовитост на воените стручњаци го има добиено името „Груша“ („круша“), како алузија на детската гатанка „виси крушка, а не смееш да ја изедеш“ (решение – светилка). 

Димензиите на леталото не се големи, многу личи на детско авионче, што го сместува во класата на минијатурните беспилотни апарати. Максималната висина на која „Груша“ може да лета изнесува еден километар. Времето на летање е помало од час и половина – толку е доволно за извидувачка мисија на помала територија. Уредот лета со помош на мотор на електричен погон, што го прави практично бесшумен. 

Беспилотно летало „Елерон-3СВ“


Извор: press photo

„Елерон-3СВ“ го произведува компанијата Еникс од Казањ. Леталото може да извршува борбени задачи во кое било време на денот и ноќта и да остане незабележано. Овие летала имаат поголеми можности во споредба со „Груша“, зашто тие не се применуваат сами за вршење на воздушно извидување на блиско радиусно дејство, туку и како средства за радиоелектронско неутрализирање. 

Јак-130: летачки Ајфон
Во следниве две-три години Москва сака да му го претстави на светскиот пазар најновиот школски авион Јак-130.

Опремата е стандардна за беспилотно извидувачко летало: фотокамери, термовизори, видеокамери со десеткратно зголемување. Максималната полетна маса на апаратот изнесува 5.3 килограми, а масата на корисен товар е до еден килограм. Оваа машина развива брзина до 130 километри на час и достигнува висина до 4.000 метри. 

Како што велат проектантите на „Елерон-3СВ“, неговата цена е приближно петпати пониска од странските еквиваленти како што се комплексите „Застава“, кои се произведуваат во РФ според договорот од 2010 година помеѓу ОПК „Оборонпром“ и израелската компанија Israel Aerospace Industries Ltd. 

Бројот на беспилотните летала „Елерон“ во руската војска ќе биде зголемен веќе следната година. Во согласност со државниот договор, компанијата „Еникс“ на Министерството за одбрана во текот на 2015 година ќе му испорача дваесет комплекси со беспилотни апарати „Елерон-3СВ“. 

„Орлан-10“


Фотографии од слободни извори

„Орлан-10„ е уште едно тактичко извидувачко беспилотно летално, но, во споредба со лесната „Груша“ или со „Елерон“ леталото е потешко и развива поголема брзина (150 километри на час). Во воздух може да помине 16 часа, а на себе прима корисен товар до 5 килограми, што значително го зголемува нејзиниот дијапазон на примена. Беспилотното летало овозможува контрола на подолги објекти на тешко достапни терени и може да се користи за потраги и за спасувачки акции. 

Главниот шарм на „Орлан-10“ се состои во неговата модулна архитектура. Според информациите на проектантите на беспилотните летала, компанијата „Специјален технолошки центар“, на него не треба да се менуваат камерите (како кај странските еквиваленти). Доволно е да се префрли сигналот од видеокамерата на термовизиската камера или од дронот да се побара детална фотографија на теренот заради подробно проучувања. Сево ова се прави директно за време на летањето на оддалеченост од 125 километри од базната станица. 

Од еден команден пункт можат истовремено да се контролираат четири „Орлани“. Притоа еден од нив може да служи како ретранслатор на податоци за останатите, што го зголемува општиот домет на дејството на групата. 

„Орлан-10“ успешно ги мина државните испитувања, доби висока оценка од страна на раководството на Пешадиската војска и на Воено-десантните сили и наскоро започнува негово сериско производство.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња