„Проверена е радиоелектронската техника, напаѓачко-навигацискиот систем, радарот, моторите и другите системи на авионот“, рекоа од прес-службата на корпорацијата. Пилоти на Министерството за одбрана на Русија го тестираа авионот во текот на 2017 година.
Според своите борбени можности, задачите што ги извршува и во односот цена-квалитет, лесниот авион-ловец МиГ-35 е совршена воена машина за работа во интензивни вооружени конфликти. Авионот користи цел спектар на постојното и перспективно оружје, помеѓу другото и оружје од арсеналот на тешките ловци, изјави генералниот директор на корпорацијата „МиГ“ Илја Тарасенко.
Миг-35 може подеднакво успешно да води борба со воздушни, копнени и морски цели. Има вграден радар „Жук-МЕ“, кој му овозможува работа во режим на картографирање на теренот. Значително е проширена номенклатурата на наведуваното и ненаведуваното авијациско вооружување. За разлика од своите претходни модификации, ловецот сега носи 6,5 тони борбен товар место претходните 4 тони, што според возможностите го приближува до тешките ловци (до 8 тони борбен товар).
Благодарение на новите технологии авионот може да следи од 10 до 30 воздушни цели, со тоа што истовремено може да нападне шест цели во радиус од 130 км. И сеедно е дали тие цели се наоѓаат во воздух или на копно.