МиГ-35 на пробниот лет на авиосаемот МАКС-2015 во Жуковски, недалеку од Москва.
Владимир Астапкович/РИА „Новости“„Од 2019 година преминуваме на сериско производство на најновиот ловец МиГ-35. Продолжуваме да работиме на потпишување на договори, работиме со 29 земји во светот во кои е веќе присутен нашиот авион Миг-29“, изјави Илја Тарасенко, раководител на корпорацијата Миг на форумот „Армија 2017“, пренесува „Интерфакс“.
Тој нагласи дека МиГ-35 се наоѓа во фаза на тестирање.
На форумот „Армија 2017“ ќе се разговара со странските нарачатели на новиот ловец МиГ-35, а интерес за авионот покажаа триесетина земји. Како што најави Тарасенко, од аеродромот Кубинка ќе полета новиот авион претставен во јануари оваа година.
Миг-35 е најновото летало во семејството авиони-ловци на МиГ. Припаѓа на генерацијата 4++ и се смета за преодна алка кон ловецот од петтата генерација.
Работата над ловецот Миг-35 почна во првата половина на 2000-те, а се развива во две основни верзии како едносед МиГ-35С и двосед МиГ-35Д. Првиот летачки прототип на ловецот, составен врз основа на МиГ-29М2, го изврши првиот лет во 2007 година. Подоцнежните верзии на авионот се реализирани врз база на бродските ловци Миг-29К.
Проектирањето на Миг-35 беше завршено пролетта минатата година. Првиот лет на актуелниот Миг-35 беше изведен на 24 ноември 2016 на аеродромот на Институтот за аеронаутика „Громов“ во подмосковскиот град Жуквоски. Специфичноста на тестираниот авион е фактот што се работи за првиот авион изграден непосредно според проект, а не со преработка на други ловци, се вели во текстот.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче