„За време на операцијата на силите на руската Воена морнарица, извршени се повеќе од 10 ракетни напади со примена на повеќе од 100 ракети и уништени се повеќе од 80 објекти на нелегалните вооружени формации“, изјави Корољов. Тој додаде дека е увежбана примена од море на крстосувачките ракети „Калибар”.
Според него, за време на операцијата руската Воена морнарица првпат во историјата стекнала искуство во борбена примена на бродската авијација. „Бродската авијација од „Адмирал Кузнецов“ реализираше повеќе од 400 борбени летови. Уништени се повеќе од 1300 цели на нелегалните вооружени формации“, истакна тој. Корољов додаде дека сите овие сили се применети првпат по Втората светска војна.