Според информациите на агенцијата „Ал-Масдар Њуз“, инцидентот се случил вчера, 1 февруари, додека Су-25 вршел задача на истокот на Идлиб. Како што се гледа на снимката, џихадистите отвораат оган врз авионот, веројатно од противвоздушно орудие, но тој успева да го избегне нападот и да го напушти реонот.
Како што пишува агенцијата, руските Су-25 се наменети за директна поддршка на копнените сили над бојното поле и не е реткост да се најдат на нишанот на терористичките групи во Сирија. Су-25 веќе ја докажаа својата ефикасност во слични услови, меѓу другото, благодарение на заштитата која оклопот му ја обезбедува на авионот.
Кон крајот на јануари во напад на Воздушно-космичките сили на Русија во Идлиб се ликвидирани четворица команданти на терористичката група „Хајат Тахрир ел Шам”, која е формирана врз основа на „Џебхат ал Нусре”: Абу Мусаб Сури, Абу Мухамад ел Зајим, Абу Басир Дар Аза и Абу Убајда.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче