Тој го коментираше неодамнешниот напад на беспилотните летала врз руската воздухопловна база Хмејмим во Сирија, нагласувајќи дека сите дронови се соборени со вообичаените средства за ПВО или блокирани со средства за електронско војување, пренесува USNI News.
Тој нагласи дека Москва веќе започнала интеграција на своите потенцијали во сферата на електронското војување во конвенционалните сили пред да почнат да се одвиваат настаните во врска со Крим и во Донбас. Во секој од петте воени окрузи во земјата постоеја средства за електронско војување во штабовите.
Како што истакнува МекДермот, во САД и НАТО не постојат на тој начин организирани средства за радиоелектронско војување. Како што нагласува тој, се работи за меѓусебно интегрирање на командата, врските, извидувањето, вселената, средствата за сајбер и електронско војување. Тоа го направи Русија, но не и НАТО, нагласува тој.