Дознајте каде Русија ќе ги сокрие своите ракети „Булава” на Арктикот

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Во главната база на Северната флота во Североморск се изградени четири складови за балистички ракети „Булава”, објави „Интерфакс”, повикувајќи се на изјава на заменик-министерот за одбрана на Русија Тимур Иванов.

„Завршена е изградбата на четири складови за сместување на ракети 3М30 на главниот терминал бр.17 на пунктот за утовар во Североморск”, изјави Иванов.

Заменик-министерот за одбрана на РФ ја надгледува изградбата, ремонтот и реконструкцијата на воените објекти. Тој исто така соопшти дека е завршена изградбата на две радарски станици во Орск и Барнаул. Радарите ќе бидат дел од системот на Космичките сили.

„Обновен е асфалтот на аеродромите Моздок и Енгелс, што ствара услови за стационирање и примена на Воздушно-космичките сили. Во Сапогово, Дивногорск и Абакан е завршена првата етапа на уредувањето на воените населби и дежурните позиции на противвоздушните ракетни дивизиони“, додаде Тимур Иванов.

На аеродромот Енгелс се стационирани стратешки бомбардери Ту-160, а најновите нуклеарни подморници од класата „Бореј” добија ракети „Булава”. Тристепената ракета на цврсто гориво 3М30 може да носи шест термонуклеарни блокови со поединечна сила од 150 килотони. Дострелот на ракетата е 9300 километри. Една подморница од класата „Бореј” носи 16 ракети, додека кај модернизираната варијанта бројот на интерконтинентални балистички ракети е зголемен на 20.

Погледнете го видеото: Најновата руска балистичка ракета „Булава“ базирана на подморница