Атомските подморници од класата „Бореј“, благодарение на своето ракетно оружје, можат да пробијат секаков систем за противракетна одбрана, изјави вицепремиерот на Русија Дмитриј Рогозин во интервју за филмот „Царевите на океаните“ чие прикажување се одржа на „Прв канал“ по повод Денот на Воената морнарица.
Подморниците Проектот 955 „Бореј“ се вооружени со интерконтинентални балистички ракети „Булава“.
„Овие ракети претставуваат достоен одговор на секоја ПРО, каде и да се наоѓа таа. Во кој било океан да се обидат да нѐ покријат, „Бореј“ ќе ја пробие таа одбрана“, изјави Рогозин.
Генералниот директор на ЦКБ „Рубин“, кој го разработи проектот „Бореј“, Игор Виљниг исто така ја истакна неговата ненадмината ударна моќ.
„Дури еден брод може да изработи сѐ да биде решено. Таква е неговата борбена моќ“; потенцираше тој во интервјуто за филмот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче