Видео: Лансирање на ракета „Булава“ од подморницата „Јуриј Долгоруки“

Министерството за одбрана на Русија објави видео од успешното лансирање на интерконтиненталната балистичка ракета „Булава“ од стратешката нуклеарна подморница „Јуриј Долгоруки“.

Лансирањето од акваторијата на Баренцовото море беше извршено во понеделникот, 26 јуни.

Ракетата ги погоди сите поставени цели на полигонот Кура, пренесува „Взгљад“.

„Булава“ е најновата руска тристепена ракета на цврсто гориво со која се вооружени руските подморници.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња