Видео: Најновиот противвоздушен ракетен систем „Тор-М2“ одвнатре

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
На интернет е објавена ефектна видеоснимка од работата на најновите ракетни системи за ПВО „Тор-М2“.

Снимката ја направија новинарите на ТВ „Ѕвезда“ во Јужниот воен округ чии единици мината година го добија системот „Тор-М2“.

Како што претходно соопшти Министерството за одбрана на РФ, стручњаците на ракетните единици за ПВО од 150 механизирана дивизија на Јужниот воен округ, стациониран во Ростовската област, пред да пристапат кон гаѓање, завршија курс за теоретска и практична обука на системите „Тор-М2“.

Обуката е реализирана во центарот на единците за ПВО во Краснодарскиот крај.

Развојот на противвоздушните ракетни системи со ознаката „Тор“ е почнат уште во 1975 година во Советскиот Сојуз. Системот е наменет за заштита на важни административни, економски и воени објекти и првите ешалони на копнените единици од напад на противрадарски и крстосувачки ракети, летала на далечинско управување, паметни авионски бомби, авиони и хеликоптери, вклучувајќи ги и оние произведени по стелт-технологија.

„Тор-М2“ може истовремено да гаѓа 4 цели. Функционира во мануелен и во автоматски режим на работа.

Погледнете ја огнената моќ на сите руски системи за ПВО