ВИДЕО: Огнената моќ на сите руски системи за ПВО на едно место

Министерството за одбрана на Русија постави на својот „Јутјуб“ канал видеоснимка посветена на 102-годишнината од формирањето на единиците за ПВО на која на едно место дејствуваат сите руски противвоздушни системи.

На снимката во акција можат да се видат противвоздушните системи со мал дострел „Тор-М2“ и противавионскиот ракетен систем 9К33М3 „Оса-АКМ“. Особено импресивно делуваат најновите ракетни системи „Верба“ кои се поставени на возилата, пишува „Росијскаја газета“.

Оваа година единиците за ПВО на Копнените сили изведоа 85 тактички вежби со боево гаѓање во кои учествуваа повеќе од 14 илјади војници и повеќе од 3,5 илјади примероци на вооружување и воена техника, се наведува во соопштението на рускиот воен ресор.

На вежбите се потрошени повеќе од 700 противавионски наведувани ракети и повеќе од 14 илјади гранати за артилериски системи.

А повеќе за историјата на руската противвоздушна обрана, прочитајте во  100 години руска ПВО

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња