Инаку оваа дивизија се наоѓа во рамките на 8 гардиска армија, која е во состав на Јужниот воен округ.
150 механизирана дивизија се состои од шест полка, од тоа три механизирани и по еден тенковски, противвоздушен и артилериски. Вкупната јачина на дивизија е проценета на 10000 луѓе. Нејзините сили се распоредени во три гарнизони.
Сите елементи на системот кои се испорачани на единиците на 150 механизирана дивизија претходно беа испитани на вежбовните полигони во Астраханската област. Техниката е во совршена состојба и во склад со тоа е упатена во соодветниот состав на руската војска и од денес се наоѓа на оперативно борбено дежурство.
Покрај овој систем, единиците на противвоздушната одбрана на подрачјето на Ростовскиот округ интензивно се превооружуваат со останатите вооружување, како што се системите С-400 „Триумф“, „Бук-М2“, „Бук-М3“, С-300в4 како и со хибридниот топовско-ракетен систем „Панцир-С“.
Противвоздушниот ракетен систем 9К332 „Тор-М2“ е ефикасен против авиони, хеликоптери, беспилотни летала и, особено, против високопрецизни наведувани бомби и ракети. Претставува систем со краток дострел (во далечина 15км/по висина 10км), и е идеален за заштита на оклопно-моторизирани колони во марш или во тек на активни борбени дејствија. За разлика од претходните верзии на овој систем, „Тор-М2“ има 16 ракети (претходните верзии имаа капацитет од 8 ракети). Се одликува со подвижност, кратко време на реакција по забележана цел, автоматизација при гаѓањето, исклучителна ефикасност при уништување на цел спектар воздушни цели, како и висок степен на отпорност на средства за ПеБ (средства за против-електронска борба).
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче