Скриншот
Лансирањето на ракетите е снимано од земја, воздух и од борбените возила. Прикажана е стрелба од место и во движење, како и уништување на цели.
Тактичкиот противвоздушен ракетен систем „Тор“ може да се користи за заштита од напади на противрадарски и крстосувачки ракети, беспилотни летала, паметни бомби, авиони и хеликоптери. Овој систем успешно соборува дури и цели направени според стелт технологијата, пренесува порталот rg.ru.
Системот „Тор“ има можност за далечинско управување, а исто така може автоматски да ги соборува сите воздушни цели кои не се детектирани според принципот „свој-туѓ”.
„Тор-М2“ се разликува од претходните верзии по тоа што во комплетот има повеќе ракети (вкупно 16) и може да ги лансира ракетите во движење. Покрај тоа, ракетите на овој систем се попрецизни.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче