Парадата на Победата, 2017, Москва.
Kremlin Pool/ZUMAPRESS.com/Global Look PressАрктичкиот „Тор“ има карактеристични сиво-бели камуфлажни бои. Првпат е прикажан во мај 2017 година на Парадата на Победата во Москва, пренесува rg.ru. Модулот на зенитно-ракетниот систем со два радари, лансер и осум противвоздушни ракети е сместен на дводелно возило ДТ-30М кое може да се движи по вода, мочуришта и снег. Оваа уникатна машина има сѐ што е потребно за функционирање на Арктикот, а тоа е потврдено и во експедицијата на островот Котељни која војската ја организираше на мразот на Лаптевото море.
Внатрешните габарити на возилото ДТ-30М пружаат добри услови за работа на екипажот на „Тор“. На располагање имаат место за одмор, па дури и кујничка. Противвоздушниот ракетен систем „Тор-М2“ е наменет за пресретнување на противрадарски и крстосувачки ракети, авиони и хеликоптери, паметни авионски бомби и беспилотни летала во радиус од 12 километри. Системот може да работи во согласност со командите на операторите, но и потполно автоматски, и да отвора оган во движење. Потребни му се секунди да реагира на целта.
„Планирано е во 2018 година две единици за ПВО да се вооружат со системите „Тор-М2“ и една арктичка единица со системите „Тор-М2ДТ“, изјави генерал Леонов во интервју за ТВ-каналот „Краснаја звезда“.
Прочитајте повеќе: Со што ќе се заштитат северните бастиони на Русија?
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче