Бродот „Комуна“ служи за спасување на подморници. Првпат е спуштен во вода 1913 година, а сега исплови на маневри во Црното море. Во согласност со планот за борбена обука, екипажот самостојно ќе увежбува дејства за кои е наменет бродот. Тоа ќе биде вежба на нуркачи на длабочина од 40 метри. Ова го соопшти информативната служба на Јужниот воен округ.
„Бродот прилагоден за базирање на спасувачки апарати со екипаж или на длабоководниот работен систем „Пантера Плус“ без екипаж ќе увежбува практична интеракција со екипажот на подводниот спасувачки апарат АС-28“, се вели во официјалното соопштение а воениот округ.
Со таа цел на длабочина од 40 метри на дното е прицврстена макета на платформа за спојување со подморница. Стручњаците од „Комуна“ обезбедуваат спуштање на апаратот АС-28 во вода и до платформата, како и спојување со неа и одвојување од неа.
Мобилниот систем на подводниот апарат „Пантера Плус“ на далечинско управување може да се спушти на длабочина од 1000 метри. Со апаратот се управува од бродот. Во барање на потонати објекти дронот користи сонар од 360 степени чиј домет е 300 метри.
Покрај тоа, апаратот може да подигне на површината 105 килограми товар. Во декември минатата година подводниот апарат „Пантера Плус“ е користен во потрагата по исчезнатата аргентинска подморница „Сан Хуан“.